Свет
7. September 2025 - 10:17

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.

Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.

Причините за уривањето се уште се истражуваат.

Не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на инцидентот, додава ДПА. 

МИА

Ново на Сител