Свет
27. December 2025 - 9:53

Двајца загинати и 26 повредени во судар северозападно од Токио во кој учествувале повеќе од 50 возила

Две лица го загубија животот, а 26 се повредени во судар во кој учествувале повеќе од 50 возила на автопат во префектурата Гунма, северозападно од Токио, соопшти денеска јапонската полиција.

Несреќата се случила синоќа на излезната лента од автопатот Кан-етсу во Минаками, каде возилата, според полицијата, најверојатно се излизгале на замрзнатиот пат за време на снежните врнежи, објави јапонска новинска агенција.

Најмалку 10 возила се запалиле, а противпожарните екипи го гаснеле пожарот повеќе од седум часа. 

МИА