Две години од смртта на Драган Вучиќ
На денешен ден пред точно две години почина еден од најпознатите водители во Македонија, Драган Вучиќ по тешката битка со коронавирусот.
Драган Вучиќ е роден во 1955 година и беше среќно оженет. Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, додека син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.
Во неговата биографија ќе бидат запишани многу телевизиски проекти кои ги сработил, а особено ќе биде запаметен кога пред 20 години го создаде шоуто „Вашите 5 минути“ – емисија во која се пријавуваа луѓе од целата земја и сакаа да ги покажат своите вокални способности. Драган честопати во интервјуа знаеше да каже дека ние сме биле први во регионот кои сме смислиле едно такво големо музичко натпреварување.
Потоа низ годините следуваа уште многу други емисии во кои гости му беа најголемите ѕвезди од поранешна Југославија, бидејќи Драган беше голем пријател со многу од нив.
Но не само емисиите со кои многу генерации израснаа. Драган остави и голем белег во македонската музичката поп и фолк сцена. „Каде и да одам“, „Твојте очи шараат“, „Ника, Ника, Марика“, „Кате мори Кате“ и многу други композиции се само дел од неговиот музички опус. Во прилог некои од неговите хитови:
„Катерина“
„Ќе те ќарам, ќе те збарам“
„Твоите очи шараат“
„Ника, Ника, Марика“
Драган Вучиќ несомнено ќе остане еден од најзначајните ликови на македонската јавна сцена.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
