Македонија
3. August 2025 - 14:33

Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија

Полициски службеници синоќа лишиле две лица од Струга и Прилеп откако биле затекнати на депонијата како предизвикале пожар.

- Синоќа во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп,  кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што најавуваат од МВР, против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.