Две недели по убиството МВР го идентификуваше но не го пронајде убиецот на Мартин Јанушев
По две недели полицијата собрала цврсти докази за извршителот на убиството на Мартин Јанушев. Денеска МВР од судот побара распишување на меѓународна потерница и со помош на меѓународните служби ќе го бараат извршителот кој побегнал надвор од земјата. Полицијата има индиции каде се наоѓа тврди Спасовски, но не откри од која служба ќе бараат помош за негово приведување и екстрадиција во земјава.
Убиството на Јанушев беше извршено на трети Ноември, пред влезот на зградата во која живеел. Извршителот, 23 годишно момче, со неколку истрели во главата го убил Јанушев, го оставил пиштолот на местото на злосторот и успеал да побегне од државата. Неколку часа пред да го стори делото според информациите од истрагата осомничениот за убиството бил пуштен на слободен викенд од затворот каде извршувал казна која ја добил за продажба на дрога.
Министерот Спасовски вели дека извршителот бил сам и е едиствениот опфатен со кривичната пријава. За него веќе има распишано внатрешна потерница, но меѓународната треба да им помогне на истражните органи да го обезбедат осомничениот.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
