Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција

Две угинати ретки птици мршојадци биле пронајдени во Кавадаречко, дадени се на обдукција за да се утврдат причините за угинувањето, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 11:25 часот во ОВР - Кавадарци, претставник од Македонско еколошко друштво пријавил дека во атар на село Гарниково, кавадаречко, биле пронајдени угинати две птици, мршојадци, што се заштитен и редок вид. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци, а од страна на инспектор за животна средина и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, во присуство на претставници од Македонско еколошко друштво, птиците се подигнати и пренесени за вршење на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје, појаснија од СВР - Велес.
Ново на Сител
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
