Две возила учествувале во сообраќајката кај Собранието, во која се повредени две лица
Две возила учествувале во сообраќајката кај Собранието, попладнево во која две лица беа потешко повредени, потврдија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
-Попладнево во 17:30 часот во СВР - Скопје е пријавено дека на раскрсницата во близина на Собранието на Република Северна Македонија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила ,,ауди” и ,,алфа”. Со возило на Итна помош, две лица се пренесени за укажување помош во ГОБ „Свети Наум Охридски" и во Ургентен центар ,,Мајка Тереза". Во тек е увид на местото на настанот, појаснија од МВР.
Претходно, МИА информираше дека две лица се потешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила доцна попладнево на крстосницата кај Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Доктор Драган Панов, шеф на смена во Брза помош - Скопје, во изјава за МИА потврди дека во сообраќајката, две лица се здобиле со потешки повреди.
Ново на Сител
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот
-
Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата