-->
-->
Две жртви при пад на дрон во Оман, саудиската одбрана соборила неколку беспилотни летала над своја територија
-->

Најмалку две лица го загубија животот во напад со дрон извршен во Оман, додека Министерството за одбрана на Саудиска Арабија јавува за интервенции на нејзините противвоздушните сили и соборување на неколку беспилотни летала над своја територија.
Два дрона паднале во Оман, во областа Сохара. Едното беспилотно летало ја погодило индустриската зона Ал-Авахи, при што загинале две, а се ранети повеќе лица.
Британските медиуми јавуваат дека саудиските власти спроведуваат истрага за двата инциденти. Саудиското Министерство за одбрана утрово соопшти дека во текот на ноќта биле уништени најмалку 28 дронови во саудискиот воздушен простор.
Саудиските власти јавуваат дека упадите со дронови на саудиска територија продолжиле и во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
