Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан
Спортскиот директор на бундеслигашот Баер Леверкузен, Симон Ролфес, обелодени денеска дека нема да има трансфер на играчот од средниот ред Гранит Џака во италијанскиот гигант Милан.
Претходно, Милан јасно стави до знаење дека швајцарскиот репрезентативец е на листа желби за засилување ова лето, што го потврди и спортскиот директор Игли Тара.
Сепак, иако имаше навестувања дека Џака е исто така отворен за преселба во Милано, германскиот клуб ја затвори вратата за трансфер.
„Никогаш немало и никогаш нема да има преговори со Милан за Гранит Џака, ниту пак какви било предлози за трансферна цена“, изјави Ролфес за германските медиуми.
„Гранит е многу важен играч за нас“, додаде Ролфес.
Џака, кој за швајцарската репрезентација досега одигра над 140 натпревари, е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Арсенал за 25 милиони евра.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот
-
Кривични за директорот на „Национален парк Маврово“ и вработен во Министерство за шумарство
-
Три насилници, меѓу кои и еден малолетен, претепале стружанец во Старата чаршија
-
Поевтинуваат сите горива
-
Јужна Европа се „пржи“ на екстремна жештина
-
Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк
-
До крајот на неделава сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Гори глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид