Џака нема дозвола од Баер Леверкузен за трансфер во Милан

Спортскиот директор на бундеслигашот Баер Леверкузен, Симон Ролфес, обелодени денеска дека нема да има трансфер на играчот од средниот ред Гранит Џака во италијанскиот гигант Милан.
Претходно, Милан јасно стави до знаење дека швајцарскиот репрезентативец е на листа желби за засилување ова лето, што го потврди и спортскиот директор Игли Тара.
Сепак, иако имаше навестувања дека Џака е исто така отворен за преселба во Милано, германскиот клуб ја затвори вратата за трансфер.
„Никогаш немало и никогаш нема да има преговори со Милан за Гранит Џака, ниту пак какви било предлози за трансферна цена“, изјави Ролфес за германските медиуми.
„Гранит е многу важен играч за нас“, додаде Ролфес.
Џака, кој за швајцарската репрезентација досега одигра над 140 натпревари, е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Арсенал за 25 милиони евра.
Ново на Сител
-

До февруари се очекува да заврши рехабилитацијата на патниот правец преку превојот Пресека, најави вицепремиерот Николоски
-

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари
-

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието
-

Директорот на АХВ, Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици
-

Американската армија нападна уште еден брод во источниот дел на Пацификот
-

Деветмина повредени кога автомобил влета во гледачи на парада во Холандија
-

Променливо облачно со утринска магла, попладне дожд
-

Намалена видливост поради магла на патните правци Страцин-Кратово, Скопје-Тетово, Велес-Скопје и Куманово-Скопје
