Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, утрово пристигна во Швајцарија каде е предвидено да почнат преговорите со иранските претставници за ограничување на нуклеарната програма на Техеран и за зацврстување на кревкиот привремен договор за прекин на војната со Иран.
Рамковниот договор беше потпишан минатата недела, а сега главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност.
Првите денови од предвидениот двомесечен период се усложнети поради интензивните судири меѓу Израел и проиранското шиитско движење Хезболах во Либан, како и од иранските тврдења за повторно затворање на Ормуската Теснина, што е клучна поморска рута преку која минува околу една петтина од светската трговија со нафта и природен гас.
Првично беше предвидено Венс да пристигне уште вчера во швајцарското одморалиште Бургеншток во близина на Луцерн, но неговото заминување од САД беше одложено поради ескалацијата на борбите во Либан и одлуката на иранските власти привремено да го одложат своето учество на разговорите.
Американската Централна команда (СЕНТКОМ) ги оспори тврдењата на Иран дека Ормуската Теснина повторно е затворена и соопшти дека американските сили продолжуваат да ја следат состојбата за да обезбедат непречен сообраќај по водниот пат. Венс изјави дека во изминатите денови низ теснецот поминале милиони барели нафта.
Венс отпатува за Швајцарија веднаш откако иранската државна телевизија објави дека иранската делегација пристигнала во земјата. Во неа се главниот ирански преговарач и претседател на Парламентот, Мохамад Багер Галибаф, министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, како и претставници на централната банка и нафтената индустрија на Иран.
На разговорите од американска страна веќе се присутни специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, кои треба да учествуваат во разгледувањето на техничките аспекти на нуклеарните преговори.
Во разговорите меѓу САД и Иран ќе учествуваат и пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, началникот на пакистанската армија, фелдмаршал Асим Мунир, како и посредници од Катар.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
