Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс повторно го изрази ставот дека САД се обидуваат да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје по новата рунда преговори што се одржа во Женева, објави ДПА.
Претседателот Доналд Трамп „има многу можности и низа инструменти“ за да гарантира дека Исламската Република нема оружје за масовно уништување, рече Венс во интервју за Фокс њуз.
Иран ги отфрла тврдењата дека тајно се обидува да развие нуклеарно оружје и вели дека има право да користи нуклеарна енергија за мирни цели.
Венс го изрази овој став неколку часа по преговорите меѓу претставниците на Вашингтон и Техеран во Женева. Првата рунда разговори за намалување на тензиите меѓу двете земји се одржа претходно овој месец во главниот град на Оман, Мускат.
Тензијата меѓу САД и Иран ескалира, откако Трамп во јануари објави дека „армада“ од воени бродови патува кон Иран. Американски воени бродови се стационирани во регионот во последните неколку недели.
МИА
Ново на Сител
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
-

Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија
