Џејда за бракот со Вил Смит: Не сакав да се омажам, плачев на свадбата

Џејда Пинкет Смит по сите скандали кои се случија и по одлуката да му се забрани на Вил Смит да присуствува на Оскарите во следните 10 години, со само една изјава фрли сенка на сите овие настани.
Имено, таа еднаш изјавила дека воопшто не сакала да се омажи за Смит.
„Бев под притисок, знаете, не е лесно кога си млад, а младата актерка сака успех. Едноставно не знаев што да правам, а бев бремена. Всушност, никогаш не сакав да се омажам“, изјавила таа.
Џејда како што пренесуваат светските медиуми, се присетила и на нејзината мајка која ги натерала да се венчаат и уште еднаш повторила дека не сака, но морала затоа што забременила.
Таа истакнала дека венчавката била ужасна, била вознемирена и на работ на солзи, ништо не и се допаѓало, додека Вил Смит секогаш тврдел дека тој ден бил најсреќен и дека секогаш замислувал големо и среќно семејство.
Медиумите потсетуваат дека јавноста е згрозена од неконвенционалните ставови на Џејда Пинкет Смит, која во емисија отворено признала дека го изневерувала сопругот со изговор дека само сакала да помогне и сакала да се чувствува добро.
Ново на Сител
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
