„Џејмс Бонд“ оди на аукција

Предмети од обемната филмска сага за Џејмс Бонд одат на наддавање. Оваа специјална продажба, насловена „Онлајн-аукција за Џејмс Бонд“ (James Bond Online Auction) и организирана од аукциската куќа „Пропстор“ (Propstore), опфаќа 400 предмети од целиот серијал за најпознатиот филмски таен агент.
Колекцијата вклучува облека, книги, постери и други предмети, коишто ја покриваат повеќе од шестдецениската филмска историја и глумците кои го толкувале најпознатиот таен агент во светот. Наддавањето е отворено за учесници од целиот свет преку интернет и ќе трае до 27 октомври.Меѓу најзначајните предмети е костум од „Том Форд“ – комплет со соодветна кошула и манжетни, што Даниел Крејг го носел во филмот „Скајфол“ (Skyfall) од 2012 година, а чија вредност се проценува на околу 47.300 евра. На аукцијата се нудат и фустан и сандали носени од Ана де Армас во филмот „Нема време за умирање“ (No Time to Die) од 2021 година – се очекува да достигнат слична цена.
Аукцијата вклучува и еден особено привлечен сет од 14 книги – први изданија од Ијан Флеминг, авторот на „Џејмс Бонд“, со проценета вредност од околу 45.000 евра.
Колекционерите, исто така, имаат можност да набават постер во голем формат, зајакнат со платно, за филмот „Д-р Но“ (Dr. No) од 1962 година, чија вредност се проценува до 19.600 евра, додека филмска клапа од снимањето на „Октопуси“ (Octopussy) од 1983 година би можела да достигне цена поголема од 8.900 евра.
Аластер Меккри – директор за прием на предмети и проценки во „Пропстор“, во интервју за „Холивуд рипортер“ (The Hollywood Reporter) истакна дека оваа аукција предизвикува огромен интерес кај јавноста.
– Ликот на Џејмс Бонд зазема уникатно место во популарната култура, а интересот за него останува непроменет и денес. Агентот „007“ е дел од филмскиот свет повеќе од шест десетлетија, при што секоја генерација има свој Бонд, омилен филм и мигови што најмногу ѝ останале во сеќавање. Не е реткост да се видат три поколенија од исто семејство како дискутираат за тоа кој најдобро ја одиграл улогата, што го прави собирањето на овие реквизити особено привлечно, изјави Меккри.
Оваа наддавање се совпаѓа со времето кога се очекува името на актерот што ќе го наследи Даниел Крејг – до крајот на оваа година. Исто така, наводите говорат дека снимањето на следниот дел би почнало следнава 2027, додека премиерата засега е предвидена за 2028 година.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
