Loading Video...
Свет
7. November 2020 - 19:44

Џо Бајден победи на американските претседателски избори

Демократскиот кандидат Џо Бајден победи на претседателските избори во САД. По четири дена пребројување на гласовите тој успеа да стигне до 270 електорски гласови.

Иако пребројувањето на гласовите се уште трае во Џорџија, Аризона и Неведа, попладнево тој победи во Пенсилванија и освои 20 електорски гласови со што стигна до вкупна бројка од 273, а се очекува конечната победа да ја заокружи со над 300 електорски гласови.

И со досегашното пребројување демократскиот кандидат веќе влезе во американската историја по рекордниот број на освоени поединечни гласови на едни претседателски избори. Досега има 74,4 милиони гласови што е повеќе од 4 милиони кои ги имаше неговиот републикански ривал – претседателот во заминување Доналд Трамп.

Бајден, светските медиуми, веќе го прогласија за 46 американски претседател, иако Трамп изминативе денови најавува постапка за оспорување на гласовите дојдени по пошта пред Врховниот суд. Изборните комисии токму во одлучувачката Пенсилванија веќе имаат наредба до Судот да ги издвојуваат гласовите кои се дојдени по пошта за да бидат дополнително проверени.

Ако ги задржи гласовите, Бајден ќе има 78 години на инаугурацијата во јануари, со што ќе биде најстариот претседател во историјата на САД. Тој се враќа во Белата куќа после четири години, откако претходно беше потпретседател во двата мандата на Барак Обама. Истовремено, Камала Харис ќе биде прва жена афроамериканка на функцијата потпретседател.

Се очекува и првото победничко обраќање на Бајден, но од неговиот табор веќе испратија писмена изјава ВО КОЈА Бајден се заблагодарува на победата и рекордниот број на освоени гласови, во тешка предизобрна атмосфера.

„Сега кога веќе кампањата заврши, време е да ја оставиме лутатата и сурва реторика зад нас и да се обединиме како нација. Време е Америка да се обедини. И да заздрави. Ние сме Соединети американски држави. И нема нешто што не може да го направиме, ако го правиме заедно“, пишува во писмената изјава на Бајден.