ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија
Европката банка за обнова и развој ја намали прогнозата за раст на македонската економија од првичните 3 на 2,7 отсто. За следната се очекува уште поголем пад, односно за 0,7 процентни поени и, според ЕВРД, економијата ќе порасне само 2,3%.
Инаку банката ја намали проекцијата за раст на целиот регион наредната 2022 година за 1,7 процентни поени, односно на 3%, а за оваа прогнзоите се зголемени за 1,2 процентни поени. ЕВРД очекува растот во регионот да достигне 2,3 отсто.
Главни причини за песимистичкото сценарио за 2023 та се намалените испораки на гас од Русија, прелевање на забавениот економски раст од развиените економии и зголемените инфлаторни притисоци на глобално и регионално ниво. Инфлацијата во регионот го достигна највисокото ниво од 1998 та година и изнесува 16,5%. Во Турција е скоро 80% а во Балтичките земји над 20%. 30% од растот на трошоците за живот се препишуваат дирекно поради растот на цените на енергенсите, а уште 30% на поскапувањето на храната.
Ново на Сител
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
