ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка (НБ) до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра.
- И покрај тоа што девизните резерви на Народната банка се на високо ниво и претставуваат примарен заштитен механизам за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, пристапот до зголемената репо-линија претставува значителна поддршка за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем и за справување со евентуални надворешни шокови и зголемена побарувачка за ликвидност во евра, наведува НБ.
Народната банка досега имаше пристап до репо-линија на ЕЦБ во максимален износ од 400 милиони евра, која беше воспоставена за време на пандемијата на ковид-19 и последен пат беше продолжена до 31 јануари 2027 година. За разлика од оваа репо-линија, зголемената репо-линија (ЕУРЕП) претставува траен инструмент на Евросистемот, со значително поголем капацитет и поширок опфат, со што дополнително се зајакнува заштитната мрежа за обезбедување ликвидност во евра во услови на евентуални пазарни нарушувања.
Зголемената репо-линија (ЕУРЕП) е инструмент на Евросистемот, воспоставен со цел да го поддржи непреченото спроведување на монетарната политика. Таа обезбедува постојан пристап до ликвидност во евра за централните банки и монетарните власти надвор од еврозоната, а со неа управуваат пет национални централни банки под координација на ЕЦБ.
Со воведувањето и овозможувањето пристап до зголемената репо-линија, ЕЦБ ја потврдува својата посветеност на обезбедувањето ликвидност во евра во периоди на пазарни предизвици за централните банки надвор од еврозоната, како и на поддршката на непреченото функционирање на финансиските пазари.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
