ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари

Војната во Иран продолжува да ја тестира отпорноста на банките и претпријатијата во ЕУ, при што растот на цените на енергијата ја зголемува инфлацијата и го нарушува економскиот раст, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ).
– Сегашниот шок во снабдувањето со енергија носи нагорни ризици за инфлацијата и надолни ризици за економскиот раст – изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, цитиран во соопштение за медиумите во врска со прегледот на финансиската стабилност на банката.
„Тоа исто така би можело да ја зголеми пазарната нестабилност и да ги стави под знак прашање капацитетите за сервисирање на долгот, со оглед на тоа што трошоците за финансирање растат во услови на послаб економски раст“, се вели во текстот.
Централната банка истакна дека, и покрај низата шокови, глобалниот финансиски систем и реалната економија се покажаа како извонредно отпорни во текот на 2026 година. Меѓутоа, војната на Блискиот Исток ја тестира оваа отпорност, стои во соопштението.
„Акутниот геоекономски стрес е засилен со долготрајната неизвесност околу глобалната трговија и меѓународната соработка. Исто така, во ова комплексно геополитичко опкружување растат и ризиците за кибербезбедноста, како и хибридните закани за критичната инфраструктура“, го цитира ДПА документот.
ЕЦБ, исто така, внимателно ги следи праксите за кредитирање на небанкарските кредитори, кои честопати се „нетранспарентни“, се додава во извештајот.
„Иако сами по себе не претставуваат системска загриженост во еврозоната, нетранспарентните и меѓусебно поврзани приватни пазари бараат внимателно следење поради ризиците од преливање, особено од Соединетите Држави. Конкретно, комбинацијата од ниски ликвидни резерви, високи вредности на портфолијата и концентрирани“, наведе ЕЦБ.
МИА
Ново на Сител
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
