Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора

Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата, кога се преврте воена цистерна со вода, јави порталот „Вијести“. Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Министерството за одбрана потврди дека, во координација со надлежните органи, се спроведува истрага за причините и околностите на несреќата.
Инаку, пожари сè уште се активни на повеќе локации – Подгорица, Бар, Будва, Бијело Поље, Никшиќ и Шавник. Во Буљарица се загрозени две куќи.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Миодраг Бешовиќ, потсети дека е побарана помош од Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и од Евроатлантскиот координациски центар на НАТО. Н1 јавува дека противпожарен авион од Хрватска веќе пристигнал и ќе гаси пожари во Чањ и Буљарица.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Европа мора подобро да го заштити населението од екстремните горештини
-

Топло време, приквечер се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
