Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос

При експлозија на рачна граната за време на закажана обука за фрлање гранати на грчкиот остров Родос, животот го загуби 19-годишен професионален војник, а негов колега е сериозно повреден, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Генералштабот на грчката армија соопштија дека несреќата се случила рано утрово, двајцата професионални војници веднаш биле пренесени во болница, каде што била констатирана смрт кај 19-годишниот, а 39-годишниот бил опериран, додека причините за несреќата се истражуваат.
Според весникот „Родаики“ од Родос двајцата војници (пиротехничари), добиле наредба да го проверат оружјето што подоцна требало да се користи за обуката, а при преносот едната рачна граната се активирала и експлодирала.
Претседателот на Грција Константинос Тасулас и министерот за одбрана Никос Дендиас изразија сочувство до семејството на загинатиот професионален војник, како и желби за брзо закрепнување на повредениот.
МИА
Ново на Сител
-

Ја терале да јаде измет од куче и ја гореле со цигари, вознемирувачко ученичко насилство во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Македонија веќе два месеци е пример за начинот како се справува со енергетската криза
-

Мицкоски: Очекувам реконструкцијата на Универзалната сала да заврши во предвидениот рок
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда поради посета на швајцарскиот претседател
-

Мицкоски: Немам и не планирам да имам друго државјанство освен македонското, ако Уставот дозволува може да се ограничи двојното државјанство
-

Дизелот поевтинува за 2,5 денара, а бензините поскапуваат за два денара за литар
-

ФИФА ќе го зголеми наградниот фонд за Мундијалот 2026
-

Јокиќ казнет со 50 илјади долари
