Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос

При експлозија на рачна граната за време на закажана обука за фрлање гранати на грчкиот остров Родос, животот го загуби 19-годишен професионален војник, а негов колега е сериозно повреден, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Генералштабот на грчката армија соопштија дека несреќата се случила рано утрово, двајцата професионални војници веднаш биле пренесени во болница, каде што била констатирана смрт кај 19-годишниот, а 39-годишниот бил опериран, додека причините за несреќата се истражуваат.
Според весникот „Родаики“ од Родос двајцата војници (пиротехничари), добиле наредба да го проверат оружјето што подоцна требало да се користи за обуката, а при преносот едната рачна граната се активирала и експлодирала.
Претседателот на Грција Константинос Тасулас и министерот за одбрана Никос Дендиас изразија сочувство до семејството на загинатиот професионален војник, како и желби за брзо закрепнување на повредениот.
МИА
Ново на Сител
-

17-годишна Албанка од Македонија исчезна кај Штутгарт, семејството бара помош
-

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители
-

Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, затруени од вдишување лепак
-

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
-

Трамп: Приказните за американски 300 милијарди долари за Иран се лажни вести
-

„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад
-

Би-Би-Си: Унгарскиот модел за поттикнување на наталитетот не ги исполни очекувањата
-

Од 50.000 до 5,9 милиони следбеници: Голманот на Кабо Верде, Возиња, светска сензација по мечот со Шпанија
