Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Министерството за внатрешни работи известува за три сообраќајни несреќи кои се случиле во текот на вчерашниот ден и рано утринава.
На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
На 24.01.2026 во 15:43 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од с. Чешиново, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, по што по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
Истиот ден, во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т.(69) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
-

Расправија прераснала во тепачка: Две скопјанки се пресметале во Аеродром
