Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз

Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз.
Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз.
Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана.
– Ненадејно и невообичаено интензивно торнадо погоди неколку градови во Вал-д’Оаз, при што едно лице загина, а неколку други се сериозно повредени, напиша францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњес на X.
Локалната префектура соопшти дека 150 пожарникари, припадници на служби за итни случаи и полицајци се распоредени во Ермон и блиските Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.
Во меѓувреме, 1.700 домаќинства од рано утрово останаа без струја, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
-

На Попова Шапка утринава се измерени 64 сантиметри снег
-

Стан во Центар од 83 квадрати продаден за 2.965 евра по квадрат, најмногу продажби во Аеродром
-

ЗОИ 2026: Јапонската сноубордистка Мурасе освои златен медал во сноуборд
-

Магла има на планинските премини Плетвар , Ѓавато и планинскиот превој Крушево, снег со слаб интензитет на патот Крива Паланка - Деве Баир
