Едно момче е приведено поради пожарот во деловната зграда на „Вјесник“ во Загреб

Хрватската полиција соопшти дека денеска е приведено младо лице во рамките на истрагата за пожарот во деловната зграда на хрватскиот весник „Вјесник“.
Во досегашната истрага биле опфатени неколку млади лица, од кои едно е приведено и се спроведува криминалистичка истрага.
Загрепскиот весник „Јутарњи лист“ денеска објави дека малолетник се јавил во полиција и раскажал дека со група млади лица бил во зградата на „Вјесник“ ноќта кога изби пожарот. Наводно, тие сакале да качат на врвот на зградата, но на највисоките катови наишле на заклучена врата. Едно момче од групата почнало да пали картони, по што огнот се проширил, а тие се разбегале.
Според весникот, во зградата упаднале тинејџери на возраст од 16 до 17 години кои живеат во близина на солитерот.
На 17 ноември околу 23 часот избувна пожар во една од најголемите и најпознатите деловни згради во Загреб, која е во мнозинска сопственост на државата.
Полицијата и пожарникарите сè уште ја контролираат областа, при што е забранет влез во зградата, која речиси целосно изгоре. Исто така се затворени и улиците околу зградата.
Солитер, кој некогаш беше симбол на новинарството и на Загреб, е висок 67 метри и има 16 ката. Неговата изградба траеше девет години, од 1963 до 1972 година. Изминатите 20 години, некогашното седиште на дневниот весник „Вјесник“, беше претежно празна и запуштена, со само повремено користење на канцелариите.
Хрватскиот министер за просторно планирање, градежништво и државен имот, Бранко Бачиќ изјави дека од експертската процена ќе зависи дали зградата ќе биде реновирана или отстранета.
МИА
Ново на Сител
-

Три игри, три шанси за добивка - само со „Златна треска“ на Државна лотарија!
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници, биле затрупани со земја на градилиште во Скопје
-

Определен 30 дневен притвор на поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот што го наследивме
-

Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Либан и Израел за три недели
-

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови
-

Папата Лав ги повика САД и Иран да се врата на преговарачка маса
-

Без струја делови од четири скопски општини
