ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија

По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник ни е Португалија, репрезентација која во првото коло ја совлада Романија.
Фаворитската улога ја има Португалија која на последните големи натпреварувања постигнува добри резултати, а на последниот европски шампионат беше пласирана на седмото место, додека во 2020 година го освои шестото место што е нивни најдобар резултат на првенствата.
И за двете репрезентации ова е деветто европско првенство, а македонската најдобриот пласман во постигна 2012 година со освојувањето на петтото место.
-Ќе се потрудиме да одиграме подобро од првиот натпревар и секако да им го „расипеме“ планот дека ќе се борат за медал, изјави селекторот Кирил Лазаров.
Овие две репрезентации имаат одиграно десет меѓусебни дуели и сите во квалификации за Европско првенство, а ова ќе биде прв натпревар на големо натпреварување. Последните два натпревара ги доби Португалија кои беа одиграни во март 2023 година.
Но, македонските ракометари имаат остварено триумфи против Португалија, кои значеле и пласман на големи натпреварувања, а елиминација на противникот.
Се очекува и на денешниот натпревар македонските навивачи да бидат поддршка за македонскиот национален тим.
Натпреварот во Хернинг почнува во 18 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
