Loading Video...
Ракомет
26. November 2018 - 19:40

ЕХФ: Еурофарм Работник во третиот шешир, извлекувањето на 29. ноември

Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Работниk  со двете победи против швајцарскиот Берн избори учество во групната фаза на   купот на ЕХФ и ќе ги продолжи натпреварите во ова натпреварување во февруари   наредната година.         

          Извлекувањето на групите за следната фаза  е закажано за 29-ти ноември во 11 часот во Виена.  Македонскиот претставник  се најде во третиот шешир  заедно со екипите на Куенка од Шпанија, Сент Рафаел , Франција и  германскиот гигант Кил.  Тоа се екипи со кои  Битолчани нема да играат но затоа пак ги очекуваат  квалитетни екипи од првиот шешир.  Тука се носителите  Фуксе Берлин и Хановер од Германија, потоа шпанскиот Гранољерс и  Порто од Португалија. 

          Во ЕХФ купот  вниманието го привлекуваат уште и данскиот Холстебро , шпанската Ла Риоха познат противник на македонските екипи во Лигата на шампионите како и унгарската Татабања  и хрватскиот Нексе.

          Натпреварите од групната фаза стартуваат  на 9-ти февруари наредната година со тоа што по две екипи од секоја група ќе обезбедат пласман во четвртфиналето. Завршниот фајнал турнир ќе се одржи кон средината на Мај наредната година.

                Во италијанското градско дерби, екипите на Џенова и Сампдорија одиграа 1-1.  Први поведоа гостите со погодокот на Кваљарела уште во 8м.  Додека израмнувањето пристигна во 19 минута кога Пјатек реализира удар од белата точка.  Нашиот интернационалец Горан Пандев мечот го проследи од резервната клупа.

          Во Шпанија победа на Виљареал во дуелот со Бетис од 2-1.  Морено и Чуквуезе  на почетокот на вториот дел го доведоа