Ракомет
24. July 2022 - 19:51
ЕХФ У-20: Ракометарите на крајот петти
Машката младинска репрезентација на Македонија го заврши настапот на ЕХФ шампионатот на петтата позиција, откако славеше против Украина со 25-23.
Натпреварот кој се играше во бугарскиот град Варна обилуваше со пресврти но првиот дел Македонија го реши во своја корист со 13-11.
На почетокот на вториот Украина поведе со 15-13 и внесе забуна во тимот на селекторот Ангеловски.
Во продолжението следевме неколку израмнувања за да нашата селекција се одлепи на плус три и на крајот заслужено триумфираше со 25-23.
Најефикасен во редовите на Македонија беше Петковски со седум погодоци додека Шулески забележа пет.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->