ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска објави соопштение во кое е наведен список со предлози за дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина.
Комисијата предлага проширување на санкциите во областите на енергетиката, финансиските услуги и трговијата. Се предлага целосна забрана за поморски услуги поврзани со руската сурова нафта, воведена во координација со земјите од Г7, поотежнати услови за набавка на танкери за таканаречената флота во сенка и да се забрани обезбедувањето услуги за одржување и други услуги за танкери и мразокршачи на течен природен гас. Додадени се уште 20 руски регионални банки и се предлагаат мерки поврзани со криптовалутите. Предвидени се ограничувања за извоз во Русија на стоки и услуги – од гума до трактори и услуги за сајбер безбедност, во вредност од повеќе од 360 милиони евра, објасни Фон дер Лајен.
Во однос на увозот, се предлага забрана за метали, хемикалии и есенцијални минерали во вредност од повеќе од 570 милиони евра, како и воведување квота за амонијак.
За прв пат ќе ја активираме алатката против заобиколување, забранувајќи го извозот на сите дигитални контролни машини и радио уреди каде што постои висок ризик дека овие стоки би можеле да се извезат во Русија. Предлагаме посилни правни заштитни мерки за компаниите од ЕУ за да ги заштитиме од кршење на нивните права на интелектуална сопственост или неправедна експропријација во Русија поради злоупотреба на судски одлуки поврзани со санкциите, додаде фон дер Лајен.
МИА
Ново на Сител
-

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 15 луѓе
-

Бесент: За ЕУ е поважна трговијата од Украина
-

Без струја дел од Чаир
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките места и на планините
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
