ЕК: Секој десетти Европјанин никогаш не користел Интернет

Околу 11 отсто граѓани од Европската унија никогаш не користеле Интернет, додека 83 отсто Европјани користат барем еднаш неделно, покажуваат резултатите од Индексот на дигиталната економија што ги објави Европската комисија.
Како што се наведува во соопштението на ЕК, процентот Европјани кои никогаш не биле онлајн изнесува 18 отсто во 2014 година, додека 75 отсто користеле барем еднаш неделно.
Еден од главните наоди на студијата е дека деловната сфера сè повеќе се дигитализира, но интернет бизнисот се развива бавно. Најдобрите земји во оваа област во ЕУ се Холандија, Белгија и Данска, додека Унгарија, Романија, Бугарија и Полска заостануваат.
Процентот на мали и средни претпријатија во ЕУ кои ги продаваат своите стоки и услуги преку Интернет стагнира и изнесува 17 проценти, според Индексот за дигитална економија и општество.
Како што се наведува, се повеќе компании ги користат социјалните медиуми (21 процент) за да комуницираат со клиентите и другите заинтересирани страни.
Сепак, повеќе од една третина од работно способните Европјани немаат основни дигитални вештини, дури и ако им се потребни за работа, а само 31 отсто имаат понапредни вештини за користење Интернет.
Во исто време, постои зголемена побарувачка за вработените со напредни компјутерски вештини. Во текот на изминатите пет години, во ЕУ се вработени повеќе од два милиона експерти од областа на информатичките и комуникациските технологии.
Годишниот индекс за дигитална економија и општество го мери напредокот на земјите – членки на ЕУ кон дигитализација, главно врз основа на статистички податоци собрани од Евростат.
Ново на Сител
-

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
-

Предлог-измените за пролонгирање на рокот за ДДВ за стан го поминаа собранискиот филтер
-

Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ
-

Снег во Пехчево и Берово, магла на Стража, Ѓавато и Крушево
-

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели
-

Гаши: Апелирам да се најде политичка волја за договор за избор на Народен правобранител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
