Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис-заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и поттикнување нови партнерства меѓу македонските и турските компании. Дел од македонската делегација беше и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, се вели во соопштението од Владата, што МИА го објавува интегрално.
Форумот беше отворен со обраќања на претставници на DEİK - Советот за надворешни економски односи и УНДП, по што пред присутните се обратија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. Во своите обраќања тие ја нагласија важноста од натамошно јакнење на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и потребата од создавање нови можности за инвестиции и деловна соработка.
Во рамките на панел-дискусиите, посветени на трговијата, индустријата, енергетиката, инфраструктурата и логистиката, посебен акцент беше ставен на регионалното поврзување и улогата на слободните економски зони во привлекувањето нови инвестиции. Во таа насока, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, ја имаше улогата на модератор на втората панел-сесија, на која учествуваа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, извршниот директор на „ТАВ аетодроми“, Серкан Каптан, генералната директорка на турските слободни економски зони, Емел Емирлиоглу, и министерот за транспорт и инфраструктура на Република Турција, Абдулкадир Уралоглу. Панелот беше оценет како значаен придонес кон унапредување на дијалогот за инфраструктурно и економско поврзување меѓу двете земји. Размената на ставови отвори дополнителни можности за соработка во клучни сектори од заемен интерес.
Во рамките на форумот беше презентирана и мапата за инвестирање во Северна Македонија, која ја претстави советникот на претседателот на Владата и поранешен вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. Мапата нуди сеопфатен преглед на инвестициските потенцијали, развојните зони и можностите за вложување во земјата, со цел нивна промоција пред странските инвеститори.
Во завршниот дел од форумот се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, кои ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестиции меѓу двете земји.
По официјалниот дел, следуваше Б2Б-средба меѓу македонски и турски компании, на која беа остварени директни контакти и разговори за идни партнерства и нови инвестициски проекти.
Бизнис-форумот уште еднаш ја потврди силната економска поврзаност меѓу Северна Македонија и Турција, како и заедничката определба за унапредување на економските односи и поттикнување одржлив економски развој.
Форумот беше организиран во рамките на проектот „Промоција на мапа за инвестирање“ како дел од програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Република Северна Македонија и Генералниот секретаријат, а имплементирана во соработка со УНДП.
MИА
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
