Македонија
22. September 2025 - 21:11
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
Сите ветуваат позитивна кампања, но на една недела до официјалниот старт политичките чинители не штедат на зборови за да се дискредитира противникот. Дел од експертската јавност очекува дури до 70 отсто негативна кампања, која нема да биде синхронизирана со она што е потреба на граѓаните. На централно ниво ќе доминираат национални теми, а на локално за конкретни проекти.
- По меѓусебните обвинувања за направеното за Албанците, објавувањето на скандали, за очекување е да се интезивира „црната“ кампања и во албанскиот политички блок, вели политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.
Официјалниот старт на кампањата е на 29 септември за првиот круг од локалните избори на 19 октомври.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->