Loading Video...
Ракомет
11. February 2021 - 19:56
ЕЛ: Еурофарм Пелистер по вторпат ја совлада Татабања
Македонскиот претставник во Европската лига Еурофарм Пелистер по вторпат ја совлада унгарската Татабања и ја запиша третата победа во елитното европско натпреварување.
Битолчани во вториот натпревар на свој терен славеа со 24-21 со што ги продолжија надежите за пласман во елиминациите.
Мечот беше уште поинтересен од вчерашниот на кој Еурофарм Пелистер славеше со 21-19 од причина што гостите добро започнаа и обезбедија водство од три до 4 гола што домаќинот мораше да брка негатива до самиот финиш. Татабања го реши и првиот дел во своја корист со 11-9
Вториот дел започна со нешто подобра и поангажирана игра на домаќините и во продожение дојде до првото израмнување (14-14). Следуваа минути на Мандалиниќ но и криза во редовите на Татабања по што дојде и третата победа за Еурофарм Пелистер. Мандалиниќ со девет гола беше ѕвездата на домашната екипа.
Следен предизвик за битолчани е тимот на ГОГ Гудме, седмица подоцна ќе гостува Рајн Некар Левен.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
