Електрана на полуостровот Крим цел на напад со дрон, нема жртви
Властите на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, денеска соопштија дека електраната Балаклава во текот на ноќта била цел на беспилотно летало и дека нема жртви или поголема материјална штета.
„Синоќа беспилотно летало удри во термоцентралата Балаклава“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развојајев.Според него, нема жртви, а причинета е минимална штета.
Развојајев рече дека нема проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Тој додаде дека „инцидентот не влијае на понатамошното снабдување со електрична енергија на Севастопол и на полуостровот“.
Трансформаторот на централата што се запали „беше претходно на поправка и не работи“, рече гувернерот, додавајќи дека „работниците на централата брзо го локализираа пожарот“.
Изјавата на гувернерот доаѓа во време кога Украина ја продолжува контраофанзивата на југот на земјата. Руските сили во последните недели ги засилија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.
Ново на Сител
-

Зверев е подобар од Ѓоковиќ
-

ИЈЗ: Малигните неоплазми - втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите
-

Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег
-

Аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид се стекна со Ниво 2-Акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ: Фокус на економијата и билатералната соработка
-

Светот се соочува со нова нерегулирана трка во вооружувањето
-

Седница на Советот на јавни обвинители
-

Уапсен е осомничениот кој фрлил бoмбa врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, сe трaгa пo уштe eднo лицe
