Електрана на полуостровот Крим цел на напад со дрон, нема жртви
Властите на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, денеска соопштија дека електраната Балаклава во текот на ноќта била цел на беспилотно летало и дека нема жртви или поголема материјална штета.
„Синоќа беспилотно летало удри во термоцентралата Балаклава“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развојајев.Според него, нема жртви, а причинета е минимална штета.
Развојајев рече дека нема проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Тој додаде дека „инцидентот не влијае на понатамошното снабдување со електрична енергија на Севастопол и на полуостровот“.
Трансформаторот на централата што се запали „беше претходно на поправка и не работи“, рече гувернерот, додавајќи дека „работниците на централата брзо го локализираа пожарот“.
Изјавата на гувернерот доаѓа во време кога Украина ја продолжува контраофанзивата на југот на земјата. Руските сили во последните недели ги засилија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.
Ново на Сител
-

Уапсен е осомничениот кој фрлил бoмбa врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, сe трaгa пo уштe eднo лицe
-

Вембањама го предводеше Сан Антонио до триумф над шампионот Оклахома
-

ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи
-

101 казна во јануари за затемнети стакла
-

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници
-

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција
