Електрана на полуостровот Крим цел на напад со дрон, нема жртви
Властите на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, денеска соопштија дека електраната Балаклава во текот на ноќта била цел на беспилотно летало и дека нема жртви или поголема материјална штета.
„Синоќа беспилотно летало удри во термоцентралата Балаклава“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развојајев.Според него, нема жртви, а причинета е минимална штета.
Развојајев рече дека нема проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Тој додаде дека „инцидентот не влијае на понатамошното снабдување со електрична енергија на Севастопол и на полуостровот“.
Трансформаторот на централата што се запали „беше претходно на поправка и не работи“, рече гувернерот, додавајќи дека „работниците на централата брзо го локализираа пожарот“.
Изјавата на гувернерот доаѓа во време кога Украина ја продолжува контраофанзивата на југот на земјата. Руските сили во последните недели ги засилија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.
Ново на Сител
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
-

Индустријата бележи раст, но рударството останува најслабата алка
-

Преглед на вестите од светот
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
