Елшани: Од декември во Косово ќе нема веќе возила со нелегални српски таблички
Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека по првата недела од декември во Косово повеќе нема да има автомобили со нелегални регистарски таблички издадени од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во вчерашното интервју за косовскиот портал на српски јазик КоССев, Елшани вели дека не може да гарантира дека повеќе нема да има, како досега, палење автомобили од страна на криминални групи, меѓутоа автомобили со ознаката КМ (Косово и Метохија) и со српските кирилични кратенки за косовските градови сигурно повеќе нема да постојат во северниот дел на земјата.
– Полицијата не може да гарантира дека по истекот на рокот за регистрација нема да има палење автомобили, но можеме да гарантираме дека по првата недела од декември возилата со регистарски таблички КМ (Косовска Митровица), ПР (Приштина), ПЗ (Призрен), ГЛ (Гњилане), УР (Урошевац)… ќе ги нема на патиштата во северно Косово, рече Елшани.
Тој информира дека имало интерес кај сопствениците на автомобили да ги регистрираат истите со регистарски таблички РКС (Република Косово) и дека таквото барање го пренеле до Министерството за внатрешни работи и Владата на Косово.
– Побаравме од МВР да го препрати нашето барање до Владата, бидејќи знаевме дека таа мора да ја донесе таа одлука за луѓето да имаат уште една можност да ги регистрираат своите автомобили.
МВР го одобри нашето барање и донесена е одлука на Владата на Косово да се врши бесплатна пререгистрација од 1 до 30 ноември, изјави Елшани за КоССев.
Тој нагласи дека доколку на пат се види автомобил со регистарски таблички КМ, табличките ќе бидат одземени, а доколку биде фатен по втор пат, автомобилот ќе биде одземен.
По истекот на рокот за регистрација, Елшани рече дека сопствениците на автомобили кои не ги поминале регистарските таблички на РКС ќе бидат казнети како да се нерегистрирани.
Од почетокот на процесот, според Елшани, повеќе од 2. 800 автомобили се префрлиле од регистарски таблички KM на РКС.
Ново на Сител
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
