Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД
Еден ден пред американските напади врз иранските нуклеарни постојки, официјален Техеран преку порака го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека допколку биде нападнат ќе започне акции низ САД со терористички „скриени ќелии“, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на разузнавачки извори.
Информациите стигнале до Трамп преку посредник на самитот на Г7 во Канада минатата недела, кој американскиот претседател го напушти претходно, изјавија двајца американски функционери и едно лице запознаено со заканата.
Американската телевизија наведува дека администрацијата на Трамп, како и безбедносните служби во најголемите градови, се во состојба на зголемена готовност за каква било потенцијална одмазда од страна на Техеран во рамките на САД.
Министерството за внатрешна безбедност вчера предупреди дека „иранскиот конфликт претставува зголемена закана за САД“.
Иран би можел да изврши и кибер напади врз американските мрежи и да ги таргетира американските владини претставници, додаваат изворите.
Во саботата вечер, САД бомбардираа три ирански нуклеарни објекти во Фордоу, Нетанц и Исфахан, а во нападот учествуваа повеќе од 125 американски воени авиони.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км