Енергетската независност една од стратешките цели на Владата - повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори

Енергетската независност останува еден од највисоките стратешки цели на Владата, порачува Министерството за енергетика по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на енергетската независност.
Оттаму посочуваат дека во изминатиот период се преземени конкретни чекори за енергетски независна држава која ќе произведува повеќе домашна, чиста и достапна енергија, забрзување на инвестициите во обновливи извори, модернизација на енергетската инфраструктура и диверзификација на изворите и правците за снабдување со енергенси.
- Резултатите веќе се видливи. Според најновите податоци на АД ЕСМ, производството на електрична енергија од хидроелектраните е зголемено за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, додека производството од ветерните електрани бележи раст од околу 10 проценти. Истовремено, исполнетоста на акумулациите достигнува околу 80 проценти, што претставува значајна резерва за стабилно и сигурно снабдување во периодите на зголемена потрошувачка. Паралелно, се реализираат и нови инвестиции во производствени капацитети. Интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 MW, а започнуваат и активностите за изградба на фотонапонските електрани Битола 1 и Осломеј 2, додека подготовките за Битола 2 и Битола 3 се во напредна фаза, нагласуваат од Мнистерството за енергетика.
Истакнуваат дека интензивно се реализира и проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас, а во тек се подготовките и за реализација на гасниот интерконектор со Србија.
- Нашата цел е јасна – Македонија да стане енергетски независна држава, да произведува повеќе домашна, чиста и конкурентна енергија. Ги развиваме обновливите извори, инвестираме во модерна инфраструктура и ги отвораме новите енергетски коридори што ќе ја зајакнат сигурноста на снабдувањето. Тоа не е само економска придобивка, туку прашање на национална сигурност, стабилност и развој. Нашата амбиција не е само да ги задоволуваме домашните потреби, туку Македонија да стане и нето извозник на електрична енергија - нагласува министерката за енергетика Сања Божиновска.
Последните глобални енергетски кризи, велат од ресорното Министерство, потврдија дека државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на граѓаните и економијата.
- Токму затоа Министерството останува цврсто посветено на создавање на сигурен, модерен и одржлив енергетски систем – затоа што силна енергетика значи силна држава, се наведува во соопштението од Министерството за енергетика по повод Меѓународниот ден на енергетската независност.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
-

ЈОРСМ: Поднесено обвинение за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, за Груби побарно продолжување на мерката куќен притвор
-

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод
-

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад
