ЕП од денеска до четврток на пленарна седница, Урсула фон дер Лајен ќе го одржи своето годишно обраќање за состојбата на ЕУ

Европскиот парламент се состанува на пленарна седница во Стразбур од денеска до четврток каде главната тема на првата пленарна седница од новата политичка сезона ќе биде годишното обраќање за состојбата на Европската Унија од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кое ќе биде в среда.
Фон дер Лајен ќе ги презентира постигнатите резултати во изминатата година и законските иницијативи што се очекуваат за следната. Тоа ќе биде нејзино второ такво обраќање во овој мандат.
Секоја година во септември, претседателката на Европската комисија држи обраќање за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент. Ова е можност претседателката да ја сподели својата визија за ЕУ, да направи преглед на достигнувањата и да најави важни претстојни иницијативи.
Во својот говор, се очекува фон дер Лајен да го истакне влијанието на работата на ЕК во изминатата година и нејзините планови за иднината. Ќе се фокусира на европската одбрана и безбедност, континуираната поддршка на ЕУ за Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, стратегијата на ЕУ за прилагодување кон променливиот светски поредок, конкурентноста, работните места и одржливиот просперитет, борбата против климатските промени, следниот долгорочен буџет на ЕУ по 2027 година, демократската одржливост, управувањето со миграцијата и заштитата на фундаменталните вредности на ЕУ, според информативниот билтен објавен на веб-страницата на Европскиот парламент.
За време на сесијата, европратениците ќе ја оценат работата на ЕК и нејзините планови за следната година, а воедно ќе ги презентираат и своите приоритети. Годишната дебата за состојбата на Унијата, на која ќе присуствува канадскиот премиер Марк Карни како почесен гостин, им дава можност на европратениците да ја испитаат работата на ЕК и да придонесат за насоката на политиката на ЕУ.
Дебатата за состојбата на Унијата е клучен момент за одговорноста на ЕК кон демократски избраните претставници на ЕУ. Таа промовира поголема транспарентност и демократија во ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
