Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени

Во американската сојузна држава Пенсилванија годинава се регистрирани повеќе од илјада случаи на мали сипаници, што е најголема епидемија во државата во последните повеќе од три децении, соопштија здравствените власти.
САД ја бележат најтешката година во однос на малите сипаници од 1991 година, со речиси 3.900 регистрирани случаи, соопшти националниот Центар за контрола и превенција на болести. Во последните две години во земјата се регистрирани осум смртни случаи поврзани со болеста – повеќе од вкупниот број смртни случаи во претходните три децении.
Од почетокот на минатата година епидемии се регистрирани во неколку сојузни држави, меѓу кои Тексас и Јута, како и во Јужна Каролина, каде што биле евидентирани најмногу случаи – 997.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хокул, денеска прогласи вонредна состојба во државата поради случаите на мали сипаници во соседните држави и во руралните области на Њујорк. Со извршната наредба се проширува кругот на лица кои можат да вакцинираат против мали сипаници, вклучувајќи болничари, акушерки и други здравствени работници. Исто така, на медицинските сестри им се овозможува да им помагаат на лекарите при одредувањето на потребните тестирања. Во Њујорк годинава се регистрирани повеќе од сто случаи.
Здравствените власти соопштија дека епидемијата во Пенсилванија почнала во април, западно од Филаделфија. Регистрирани се 1.004 случаи, вклучувајќи 198 хоспитализации и пет смртни случаи.
МИА
Ново на Сител
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
-

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница
-

Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени
-

Сплит е домаќин на политичката елита од Јужна Европа
-

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
