„Епл“ ќе произведе сопствен електромобил
![]()
Американската инфроматичка компанија „Епл“ планира до 2019 година да произведе сопствен автомобил на електричен погон, објави „Волстрит Џурнал“.
Извори од компанијата за весникот ги потврдиле гласините што кружат извесно време дека најбогатата корпорација во светот работи на проект од автомобилската индустрија.
Според весникот, работното име на електромобилот на „Епл“ е „Титан“ и на неговото производство ќе работат околу 1.800 луѓе.
Претходно, се појавија и гласини дека „Епл“ работи на проект за производство на компјутеризиран автомобил кој би се движел без возач, но изворите од компанијата за њујоршкиот весник изјавиле дека таа прво ќе се „испроба“ во изработката на „класично возило“.
„Волстрит џурнал“ сепак оценува дека идејата за производство на првиот сопствен автомобил на „Епл“ до 2019 година е премногу оптимистичка и дека не е исклучено за реализиација на овој проект компанијата да се реши на партнерство со некоја фирма од автомобилската индустрија .
„Епл“ засега одби офцијално да ги коментира ваквите тврдења на „Вослтрит Џурнал“, но специјализираниот сајт „ЕплИнсајдер“ минатата недела објави дека компаниајта ангажирала инженери од фабиката за производство на елктромобили „Тесла“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
