Свет
1. July 2025 - 8:06

Ердоган: Самитот на НАТО ќе се одржи во Анкара во јули 2026 година

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција ќе биде домаќин на самитот на лидерите на НАТО во 2026 година во главниот град Анкара.

„Се надеваме дека самитот на шефовите на држави и влади на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Турција во јули. Ќе ги угостиме лидерите на НАТО во нашиот главен град, Анкара, и ќе подготвиме терен за многу важни одлуки“, рече турскиот лидер вчера во обраќањето до нацијата по владината седница, пренесе Анадолија.

Ердоган исто така рече дека се задоволни од напредокот постигнат за кратко време во процесот на ослободување на Турција од терор.