Ердоган: Засега не можеме позитивно да гледаме на членството на Шведска во НАТО
Засега не можеме позитивно да гледаме на членството на Шведска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен.
Турција, која ја има втората по големина армија во НАТО, го блокираше членството на Стокхолм во Алијансата, обвинувајќи го дека дава засолниште на борци од забранетата Курдиска работничка партија (ПКК).
- Сè додека шведските власти продолжуваат да дозволуваат поединци поврзани со терористички групи слободно да шетаат во Шведска, не можеме да гледаме позитивно на членството на оваа земја во НАТО, рече Ердоган. - Во моментов не сме подготвени за Шведска, бидејќи земја-членка на НАТО мора да има цврст став кога станува збор за борбата против тероризмот, потенцира турскиот претседател.
Шведска ги одби повторените барања на Турција за екстрадиција на луѓе кои ги смета за терористи, тврдејќи дека за ова прашање може да решаваат само шведските судови.
По ратификацијата во турскиот парламент, Финска официјално се приклучи на Алијансата на 4 април, но Турција се уште не дава „зелено светло“ за членството на Шведска. Според Анкара, Стокхолм мора да преземе поконкретни чекори во борбата против тероризмот за да биде примен во НАТО.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
