Loading Video...
Спорт плус
4. јуни 2022 - 16:55
Еспаргаро ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГП на Каталуња
Шпанецот, Алекс Еспаргаро ќе стартува од полпозицијата на утрешната, девета трка во Мото ГП шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Каталуња.
Возачот на Априлија беше најбрз во денешните квалификации возени на патеката крај Барселона, па втор пат сезонава ќе ја има првата стартна позиција.
Зад него од првиот ред трката ќе ја почнат Италијанецот, Франческо Бањаја од Дукати и Французинот, Фабио Квартараро од тимот на Јамаха.
Потсетување дека по осум трки само двајца возачи ја минаа границата над 100 освоени бодови и тоа лидерот Квартараро кој има 122 и Еспаргаро кој досега собра 114 бодови.
Стартот на утрешната трка за Големата награда на Каталуња е закажан во 14 часот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->