Македонија
18. December 2023 - 21:22

ЕУ фрлила над 215 милиони вакцини против Ковид-19 вредни 4 милијарди евра

Државите од Европската унија фрлиле над 215 милиони вакцини против Ковид - 19. Според анализата на “Политико” набавените, а не искористени дози чинат околу 4 милијарди евра. Ова е само проценета бројка бидејќи како што е наведено во истражувањето не е лесно да се утврди коку точно вакцини се уништени бидејќи големи држави меѓу кои и Франција не го споделуваат овој податок.

Кон крајот на 2020 во екот на пандемијата членките на ЕУ заеднички купуваа и испорачуваа 1,5 милијарди дози (по 3 за секој жител).

На врвот на фрлени дури 85 милиони дози е Германија, а потоа следуваат Италија и Холандија, Шпанија...а најмалку искористени вакцини според бројот на жители има Естонија.

И во Македонија секоја трета вакцина која била купена или е добиена како донација не е употребена.

Од министерството за здравство не добивме податок колку од неискористените  дози се платени и колку пари од буџетот отишле на депонија.

Според достапните податоци државата располагала со речиси 3 милиони вакцини. 1.506,280 се купени, останатите донирани. Со тие во странство примени се околу 1.900.000 дози.

Иако цената остана тајна, според извештаите во светските медиуми дозите се движеа од 10 долари за Спутник, 20 за Фајзер и околу 30 за Фајзер. Од тука може да се заклучи дека платени се околу 30 милиони долари. Но точната сума не се открива бидејќи државата е обврзана на довервивост за склучените договори.