ЕУ и препорачува ригорозни безбедносни проверки на Србија при доделување државјанство на странци

Европската комисија објави дека препорачува ригорозни безбедносни проверки на Србија при доделување државјанство на странски државјани, бидејќи носителите на српски пасоши имаат корист од безвизно патување во Европската Унија.
На прашањето на РСЕ за зголемување на приемот на руски државјани за српско државјанство, прес-службата на Европската комисија изјави дека целта на ЕУ е да го продолжи дијалогот со Србија за тоа прашање.
„Брзото стекнување на правото на безвизно патување во ЕУ за граѓаните на Русија преку доделување српско државјанство претставува потенцијални безбедносни ризици за ЕУ, бидејќи носителите на српски пасоши имаат корист од безвизно патување во ЕУ“, изјави прес-службата, не сакајќи да шпекулира за потенцијалните чекори што ЕУ би можела да ги преземе.
Во најновиот извештај на ЕК за напредокот на Србија, објавен минатата недела, се наведува дека доделувањето српско државјанство на руски државјани претставува потенцијален безбедносен ризик за ЕУ.
Анализата на РСЕ покажа дека од 121 одлука на Владата на Србија за доделување државјанство во 2025 година, речиси две третини се однесуваат на граѓани на Русија.
Станува збор за посебна постапка, според која српско државјанство можат да добијат граѓани на други земји доколку тоа претставува „интерес за Србија“.Тој број би можел да биде поголем, бидејќи податоците за доделување државјанство според редовната постапка не се јавно достапни.
Бројот на владини одлуки за прием на руски граѓани во српско државјанство се зголемува од 2022 година, кога Русија ја нападна Украина, според податоците собрани од РСЕ од одлуките објавени во Службен весник.
МИА
Ново на Сител
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
-

Ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот "Талир 2"
-

Синот со над 30 убоди во вратот и градниот кош го убил татко му во Скопје, обвинителството отвори истрага
-

Полни трибини на „Петар Милошевски“ за реваншот на Силекс против Динамо Минск, карти веќе нема
