ЕУ: Лидерите на Република Српска да престанат со поткопување на уставниот и правниот поредок на БиХ

Европската Унија го повикува политичкото раководство на Република Српска да се воздржи и да се откаже од провокативната реторика и од активности на раздор, вклучително и од доведувањето во прашање на суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, се наведува во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на „последните случувања во БиХ“.
-Правните акти усвоени на 27 февруари 2025 година од Народното собрание на Република Српска и потпишани од претседателот на Република Српска на 5 март 2025 година го поткопуваат уставниот и правниот поредок на Босна и Херцеговина и функционалноста на институциите на земјата и ги загрозуваат основните слободи на нејзините граѓани.
Овие активности се во спротивност со обврските што Босна и Херцеговина ги презеде на нејзиниот пат кон ЕУ, се потенцира во реакцијата.
ЕЕАС нагласува дека мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на Босна и Херцеговина и апелира до лидерите на Република Српска да престанат со политичкиот притисок врз јавните службеници за напуштање на институциите на државно ниво.
-Република Српска, како и другите ентитети, мора да се придржува до Уставот на Босна и Херцеговина и до законите на земјата и да ги почитува надлежностите и одлуките на институциите во земјата, вклучувајќи ги Уставниот суд, Високиот судски и обвинителски совет, судовите, обвинителството, како и Државната агенција за истраги и заштита.
Треба да се искористат сите домашни правни лекови за одржување на уставниот поредок на Босна и Херцеговина, се додава во реакцијата.
Службата потсетува и дека од одлуката на Европскиот совет од март 2024 година за старт на преговорите за членство на Босна и Херцеговина во ЕУ, Унијата постојано ги повикува сите политички актери да го обноват фокусот на земјата за напредок на европскиот пат со решителна акција за преземање на сите релевантни чекори, со цел Советот на ЕУ потоа да може да ја усвои преговарачката рамка.
-Напредокот на патот кон ЕУ е најдобрата гаранција за стабилност и безбедност на Босна и Херцеговина и има повеќекратни придобивки за граѓаните на земјата, се заклучува во реакцијата на ЕЕАС.
Ново на Сител
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
