ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега

Европската Унија наесен планира значително проширување на санкциите против Русија, при што бројот на санкционирани руски физички и правни лица би можел да се зголеми за една третина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.
„Санкциите на ЕУ досега ја чинеле руската воена машинерија повеќе од трилион евра, а наесен предлагам најсеопфатен список на санкции од почетокот на војната“, изјави Калас за германскиот весник „Велт“.
Таа додаде дека, доколку бидат усвоени, новите мерки веднаш ќе го зголемат вкупниот број санкционирани руски субјекти за една третина.
„Притисокот мора да продолжи да расте се додека Москва не ја заврши војната“, рече Калас.
Калас не откри детали за временската рамка или содржината на новиот пакет санкции.
ЕУ во јули го одобри својот најнов пакет санкции против Русија поради војната во Украина, со мерки насочени, меѓу другото, кон рускиот банкарски сектор и мрежите поврзани со криптовалути.
МИА
Ново на Сител
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
