ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега

Европската Унија наесен планира значително проширување на санкциите против Русија, при што бројот на санкционирани руски физички и правни лица би можел да се зголеми за една третина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.
„Санкциите на ЕУ досега ја чинеле руската воена машинерија повеќе од трилион евра, а наесен предлагам најсеопфатен список на санкции од почетокот на војната“, изјави Калас за германскиот весник „Велт“.
Таа додаде дека, доколку бидат усвоени, новите мерки веднаш ќе го зголемат вкупниот број санкционирани руски субјекти за една третина.
„Притисокот мора да продолжи да расте се додека Москва не ја заврши војната“, рече Калас.
Калас не откри детали за временската рамка или содржината на новиот пакет санкции.
ЕУ во јули го одобри својот најнов пакет санкции против Русија поради војната во Украина, со мерки насочени, меѓу другото, кон рускиот банкарски сектор и мрежите поврзани со криптовалути.
МИА
Ново на Сител
-

Пријавена негователка од градинка во Хром поради насилство врз дете
-

Вештачење: Реконструкцијата во „Пулс“ била изведена нелегално, објектот според површината никогаш не можел да биде кабаре
-

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати
-

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август
-

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас
-

Поскапуваат горивата
-

Борците против улица за Фадил Сулејмани: „Ги сметаше Македонците за Бугари“
-

АХВ со мерки против сипаници кај овци и кози: Сточарите предупредени да не вакцинираат самостојно
