ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива

Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна.
Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто така бара од земјите-членки на ЕУ и од Европскиот парламент да одобрат дополнителни 300 милиони евра за овој фонд.
Еврокомесарот за земјоделство, Кристоф Хансен, изјави дека влијанието на растот на цените на ѓубривата досега било ограничено бидејќи многу земјоделци направиле залихи кон крајот на минатата година. Сепак, некои од нив сега ја преиспитуваат одлуката дали да сеат зимски култури поради повисоките трошоци, па наместо тоа размислуваат за учество во еколошки програми кои можат да понудат поголем принос, а бараат помала употреба на ѓубрива.
Комисијата го најави пакетот за поддршка во мај, но претходно не го соопшти износот на средствата што ќе бидат ставени на располагање.
Хансен за ДПА изјави дека намаленото садење на зимски култури може да претставува ризик за снабдувањето со храна во ЕУ.
Цените на ѓубривата, особено за производите на база на азот, нагло пораснаа како резултат на зголемените трошоци за природен гас по конфликтот на Блискиот Исток и затворањето на Ормуската Теснина.
Комисијата спроведува мерки насочени кон обезбедување достапни резерви на ѓубрива, намалување на емисиите на стакленички гасови и намалување на зависноста на блокот од увоз. Овие мерки вклучуваат и стимулации за зголемување на употребата на ѓубрива добиени од органски извори.
ЕУ исто така ги суспендираше стандардните увозни давачки за неколку клучни азотни ѓубрива и поврзани суровини до крајот на мај 2027 година. Според комисијата, овој потег би можел да им заштеди на увозниците околу 60 милиони евра во тарифи.
МИА
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
-

Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи
-

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата
-

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма за даночно затајување од 3,8 милиони денари
-

Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
